
Онлајн курсот „Подготовка за интервју за работа“ и контролната листа „Одлична работа – ако можеш да ја добиеш“ се развиени од организацијата Mission: Reconnect (Чешка) во рамките на проектот SkillCompass: Јакнење на младите со различни стилови на учење преку инклузивни кариерни алатки, кофинансиран од програмата Erasmus+.
Пронаоѓањето на работа не е лесна задача, особено за младите кои првпат бараат работа.
Целта на оваа алатка е да им помогне на младите – а особено на оние со дислексија, АДХД и други специфични тешкотии во учењето – да се подготват за своето прво интервју за работа.
Главната идеја е да се понудат практични совети применливи за секое интервју, но и специфични насоки за младите луѓе кои имаат различни начини на учење.
Советите може да бидат корисни и за млади кои сè уште не бараат работа, бидејќи вклучуваат теми како користење на социјалните мрежи и изработка на CV.
Видеата можат да бидат корисни и за родители, кариерни советници и младински работници кои сакаат да започнат разговор со младите и да ги подготват за нивното прво интервју.
Како дополнување на видеата, алатката вклучува и контролна листа која може да им помогне на младите да ги разберат клучните елементи на подготовката за интервју и да ги идентификуваат областите на кои треба да обрнат повеќе внимание.
Алатката се состои од:
Корисниците можат да:
Индивидуална употреба – млади, кариерни советници, наставници
По гледањето на видеата и/или пополнувањето на листата, може да се:
За кариерни советници и младински работници
Алатката може да се користи и како поттик за размислување за процесот на подготовка на млад човек за прво интервју – можеби ќе се родат нови идеи за активности или теми за дискусија.


По гледањето на видеата и/или пополнувањето на листата во група, охрабрете ги младите да ги споделат своите идни кариерни планови и цели.
Разговарајте за темите споменати во видеата и дајте практични совети и објаснувања.
Прашате ги младите кои аспекти од подготовката им се најтешки и заедно најдете начини да ги совладате.
На пример, ако некој се чувствува несигурно при интервју лице-в-лице, може да се направи рол-плеј активност за вежбање на комуникациски вештини.
Поттикнете ги младите да изработат свое прво CV и прегледајте го заедно – со повратни информации за содржината и визуелниот изглед.
По гледањето на видеата и/или пополнувањето на листата, може да се организира разговор со колеги за различните пристапи кон подготовката на младите за прво интервју.
Разменете идеи:
Видеата не ги покриваат сите можни аспекти на подготовката за интервју и не влегуваат во културни специфики.
Започнете со гледање на видеата – и не заборавајте да ја пополните контролната листа!