
Дигиталниот скрининг инструмент за дислексија е развиен од Здружението за дислексија Ајнштајн (Северна Македонија) во рамките на Erasmus+ проектот SkillCompass: Empowering Youth with Learning Differences through Inclusive Career Guidance Tools.
Неговата цел е да им помогне на кариерните советници, младинските работници и едукаторите да препознаат можни индикатори на дислексија кај млади лица на возраст од 13 до 25 години.
Овој инструмент служи како алатка идентификација и поддршка во процесот на советување и упатување – но не претставува дијагностички тест.
Многу млади се соочуваат со тешкотии поврзани со читање, пишување или обработка на пишани информации, а притоа не се свесни дека може да имаат дислексија.
Препознавање на овие знаци е клучно за навремена поддршка во текот на образовниот процес, кариерното насочување и генерално во живот на секое лице со дислексија.
Овој дигитален инструмент им помага на професионалците да ги препознаат првите предупредувачки знаци и да започнат конструктивен разговор со младите за нивните искуства во учењето.
Алатката поттикнува разбирање, инклузија и еднакви можности за лицата со различни стилови на учење.
Алатката се состои од кратки тврдења поврзани со читање, пишување, внимание и меморија.
Корисникот треба:
Алатката може да ја користат:
како дел од процесот на кариерно советување.
при индивидуални проценки или поддршка на ученици.
за подобро да го разберат профилот на учење на своето дете.
Препорачливо е инструментот да се пополнува во мирна и поддржувачка атмосфера, каде испитаникот ќе се чувствува удобно и прифатено.
Улогата на професионалецот е да создаде некритичка и пријателска средина и да нагласи дека целта е подобро разбирање на начинот на учење, а не мерење на интелигенција или успехот.


По одговарањето на сите тврдења, алатката автоматски ќе го прикаже резултатот и ќе ви даде кратка интерпретација.
Овој резултат помага да се процени дали испитаникот покажува карактеристики кои може да се поврзат со дислексија.
Доколку се појават индикатори:
Овој инструмент не е дијагностички тест.
Наменет е за неформална проценка и насочување кон поддршка.
За официјална дијагноза или детална проценка, потребна е консултација со експерт за дислексија, за што можете да се обратите директно во Здружението за дислексија АЈНШТАЈН.
Да го направиме првиот чекор кон подобро разбирање на различните начини на учење и поддршка на секој млад човек.
Кликнете на „Започни“ подолу за да го започнете Дигиталениот инструмент за проценка за дислексија.