Digital Dyslexia Screening Tool

„Идентификувај за да можеш да поддржиш„ - Дигитална алатка за скрининг на дислексија

Дигиталниот скрининг инструмент за дислексија е развиен од Здружението за дислексија Ајнштајн (Северна Македонија) во рамките на Erasmus+ проектот SkillCompass: Empowering Youth with Learning Differences through Inclusive Career Guidance Tools.

Неговата цел е да им помогне на кариерните советници, младинските работници и едукаторите да препознаат можни индикатори на дислексија кај млади лица на возраст од 13 до 25 години.
Овој инструмент служи како алатка идентификација и поддршка во процесот на советување и упатување – но не претставува дијагностички тест.

Цел на алатката

Многу млади се соочуваат со тешкотии поврзани со читање, пишување или обработка на пишани информации, а притоа не се свесни дека може да имаат дислексија.
Препознавање на овие знаци е клучно за навремена поддршка во текот на образовниот процес, кариерното насочување и генерално во живот на секое лице со дислексија.

Овој дигитален инструмент им помага на професионалците да ги препознаат првите предупредувачки знаци и да започнат конструктивен разговор со младите за нивните искуства во учењето.
Алатката поттикнува разбирање, инклузија и еднакви можности за лицата со различни стилови на учење.

Како се користи

Алатката се состои од кратки тврдења поврзани со читање, пишување, внимание и меморија.

Корисникот треба:

Алатката може да ја користат:

Кариерни советници и младински работници

како дел од процесот на кариерно советување.

Наставници и стручни соработници

при индивидуални проценки или поддршка на ученици.

Родители или старатели

за подобро да го разберат профилот на учење на своето дете.

Препорачливо е инструментот да се пополнува во мирна и поддржувачка атмосфера, каде испитаникот ќе се чувствува удобно и прифатено.
Улогата на професионалецот е да создаде некритичка и пријателска средина и да нагласи дека целта е подобро разбирање на начинот на учење, а не мерење на интелигенција или успехот.

Што следува по пополнувањето

По одговарањето на сите тврдења, алатката автоматски ќе го прикаже резултатот и ќе ви даде кратка интерпретација.
Овој резултат помага да се процени дали испитаникот покажува карактеристики кои може да се поврзат со дислексија.

Доколку се појават индикатори:

Важно известување

Овој инструмент не е дијагностички тест.
Наменет е за неформална проценка  и насочување кон поддршка.
За официјална дијагноза или детална проценка, потребна е консултација со  експерт за дислексија, за што можете да се обратите директно во Здружението за дислексија АЈНШТАЈН.

Подготвени сте да започнете?

Да го направиме првиот чекор кон подобро разбирање на различните начини на учење и поддршка на секој млад човек.
Кликнете на „Започни“ подолу за да го започнете Дигиталениот инструмент за проценка за дислексија.