Алатката „Препознај ги своите предности и предизвици: SWOT анализа“ е развиена од Креативна куќа (Северна Македонија) во рамките на Еразмус+ проектот SkillCompass: Empowering Youth with Learning Differences through Inclusive Career Guidance Tools.
Оваа алатка им го претставува на младите SWOT моделот (силни страни, слабости, можности, закани) како едноставен и визуелен начин за размислување за сопствените способности и личен развој. Тој им помага на невроразличните млади да откријат кои се, во што се добри и каква поддршка им е потребна; правејќи ја саморефлексијата подостапна и поинтересна.
Младите со разлики во учењето често имаат потешкотии да ги препознаат или изразат своите силни страни и предизвици, што влијае на нивната самодоверба и на носењето одлуки за образование или кариера. Потребен им е структуриран, но младински ориентиран ресурс што охрабрува самоспознавање без осуда.
Оваа алатка ја исполнува таа потреба преку SWOT матрица која поттикнува искрена рефлексија, развива самосвест и ја подобрува комуникацијата меѓу младите, едукаторите и советниците.
Алатката е наменета за невроразлични млади, едукатори, младински работници, училишни советници и старатели кои сакаат да ги поддржат младите во подобро разбирање на себе и подготвување за идни одлуки.
Алатката вклучува илустриран SWOT работен лист, листа на силни страни, слабости, можности, закани од кои, младите можат да ги селектираат сите оние со кои се идентификуваат. Јасниот и младински ориентиран дизајн овозможува лесна примена за лична употреба, училишни активности или кариерно советување.


SWOT анализата може да се пополнува индивидуално или со поддршка од едукатор, младински работник или советник.
Алатката им помага на невроразличните млади да стекнат јасност и самодоверба во личниот развој. Таа е усогласена со мисијата на проектот SKILL-C за создавање инклузивни, практични алатки што поддржуваат правична кариерна ориентација.
Преземете го PDF-от и помогнете им на младите да ги откријат своите силни страни, да ги разберат предизвиците и да направат значајни чекори кон својата иднина. Искористете го уште денес за да поттикнете јасност, самодоверба и раст кај овие млади.