Алатка за инклузивно интервјуирање

Практичен дигитален ресурс за работодавачи, HR професионалци, младински работници и кариерни советници

Инклузивното интервјуирање е многу повеќе од законска или етичка обврска — тоа е стратегиски пристап за откривање на вистински талент.
Оваа алатка е создадена за да им помогне на работодавачите, HR специјалистите и кариерните советници да дизајнираат и спроведуваат интервјуа што се пристапни и фокусирани на силните страни на кандидатот, овозможувајќи секој кандидат да го покаже својот вистински потенцијал.

Комбинирањето на оваа алатка и водичот за инклузивно вработување ќе им им помагне на професионалците да изградат фер и транспарентни процеси на вработување кои ја вреднуваат невроразновидноста и различните стилови на учење.
Без разлика дали го унапредуваш процесот на селекција, менторираш млади кандидати или развиваш инклузивни HR политики, прирачникот нуди конкретни чекори за:

  • Пишување јасни и пристапни огласи за работа
  • Подготовка на инклузивни формати на интервју
  • Спроведување фер и поддржувачки разговори со кандидати
  • Давање конструктивен фидбек и инклузивен процес на воведување (onboarding)

Користи ги овие алатки како обука, секојдневна референтна алатка или материјал за тимска дискусија — секој дел е осмислен така што инклузијата да стане природен и сигурен дел од твојата професионална пракса.

 

/8

Инклузивно вработување

Тестирај го своето знаење за невроразличноста и нејзиното влијание врз процесот на вработување.
Овој краток квиз ќе ти помогне да провериш колку добро ги разбираш принципите на инклузивно интервјуирање и како да создадеш фер процес за сите кандидати.
По секое прашање ќе добиеш објаснување што ќе ти помогне да научиш повеќе.

1 / 8

a) Кандидат со дислексија може да има одлични вештини за решавање проблеми и креативно размислување, но можеби ќе му биде потребно малку повеќе време за писмените задачи за време на интервјуто.

2 / 8

b) Која од следниве изјави најдобро ја опишува инклузивната постапка при вработување?

3 / 8

c) Лицата со АДХД често имаат проблем со концентрација, па затоа не се соодветни за динамични работни средини.

4 / 8

d) Која од следниве постапки при интервју може ненамерно да ги стави во неповолна положба невроразличните кандидати кандидати?

5 / 8

e) Инклузивното вработување е насочено само кон лица со попреченост

6 / 8

f) Кандидат спомнува дека има дискалкулија и се чувствува вознемирено при задачи со броеви. Што треба да направи интервјуерот?

7 / 8

g) Јасниот и едноставен јазик во описот на работното место им помага само на кандидатите со тешкотии во учењето.

8 / 8

h) Која изјава најдобро го одразува инклузивниот начин на размислување при вработување?

Your score is

0%

/8

Подготовка за инклузивно интервјуирање за HR и работодавачи

Провери колку добро си подготвен/а да создадеш пристапен и пријателски процес на интервјуирање за сите кандидати.
Овој квиз ќе ти помогне да ги препознаеш областите каде што можеш да ја зголемиш инклузивноста уште пред самото интевју

Наведи во најавата дека портфолио, презентација или симулација се добредојдени опции.

1 / 8

a) Која од следниве активности најмногу го поддржува инклузивниот процес на интервју за кандидати со специфични тешкотии во учењето?

Фокусирај се на клучните вештини и вредности, наместо на долги „листи на желби“.

2 / 8

b) Инклузивниот опис на работното место треба да ги наведе сите можни барани квалификации за да се привлечат најдобрите кандидати.

Додај кратка агенда или пример-прашања во поканата за поголема транспарентност.

3 / 8

c) Која информација треба да биде вклучена во поканата за интервју за да се поддржи пристапноста?

Вклучи реченица како:
„Со задоволство ќе обезбедиме прилагодувања – само известете нè ако ви е потребна поддршка.“

4 / 8

d) Подобро е да не се споменува можноста за прилагодување или поддршка за време на интевјуто, бидејќи тоа може да направи кандидатите да се чувствуваат непријатно.

Провери ја техничката платформа, светлината, позадинскиот шум и пристапноста за лица со помошни технологии.

5 / 8

e) Кој од следниве чекори покажува инклузивно планирање на интервју?

Испрати краток преглед на темите, но не ги откривај целосно прашањата.

6 / 8

f) Давањето на прашањата однапред е нефер, бидејќи кандидатите можат премногу да се подготват.

Користи заеднички формулар за оценување или скала со јасни критериуми.

7 / 8

g) Зошто е важно тимот на интервјуери да биде информиран и усогласен пред почетокот на интервјуата?

Спомни ја флексибилноста уште во огласот или поканата – тоа испраќа позитивна порака за инклузија.

8 / 8

h) Флексибилноста во закажувањето и форматот на интервју може да помогне да се привлече поширок и поразновиден круг на кандидати.

Your score is

0%

/8

Како да се подготвиш за инклузивно интервју

Овој краток квиз ќе ти помогне да разбереш како да го приспособиш интервјуто за кандидати со различни стилови на учење – како дислексија, дисграфија, дискалкулија или АДХД.
Прашањата ќе ти покажат колку добро ги разбираш принципите на флексибилност, разбирање и поддршка во процесот на интервјуирање.

Испрати ги клучните теми по е-пошта пред интервјуто или подели печатена копија при почетокот.

1 / 8

a) Давањето на прашањата и во писмена и во усна форма може да им помогне на кандидатите со дислексија или АДХД.

Поттикни ги кандидатите да користат формат кој им одговара – усно, визуелно или писмено.

2 / 8

b) Кој од следниве примери најдобро покажува инклузивно однесување на интервјуер?

Кажи нешто едноставно и поддржувачко, на пример: „Благодарам што го сподели тоа – има ли нешто што можам да направам за да ти биде полесно денес?“

3 / 8

c) Ако кандидат спомне дека има тешкотии во учењето, подобро е тоа да не се спомнува за време на интервјуто за да се остане неутрален

Кога е можно, користи дигитални формулари или дозволи говорен одговор.

4 / 8

d) Кандидат со дисграфија има тешкотии со рачно пишување. Како можеш да го прилагодиш интервјуто?

Планирај кратка пауза на секои 30–40 минути или меѓу различни делови од интервјуто.

5 / 8

e) Кратките паузи или мали одмори во подолги интервјуа можат да помогнат да се одржи фокусот.

Користи споделени документи или кратки визуелни сумирања на екранот.

6 / 8

f) Како можеш најдобро да поддржиш кандидат со тешкотии со внимание или процесирање на информации за време на онлајн интервју?

Фокусирај се на тоа како кандидатот ги организира задачите и какви алатки користи.

7 / 8

g) Кандидатите со дискалкулија треба да се избегнуваат за работни позиции што бараат организација и планирање.

Прилагодливоста не е слабост – тоа е знак на професионализам и почит.

8 / 8

h) Кој е најдобриот начин на размислување кога се подготвуваш за инклузивно интервју?

Your score is

0%