Дигитални SWOT прашалници

Дигитални SWOT прашалници за идентификување на силни страни, можности, слабости и предизвици

Алатката „Дигитални SWOT прашалници“ е развиена од страна на Креативна куќа (Северна Македонија) во рамките на Еразмус+ проектот SkillCompass: Empowering Youth with Learning Differences through Inclusive Career Guidance Tools.

Преглед

Дигиталните SWOT прашалници се интерактивни алатки дизајнирани да им помогнат на младите да ги истражат своите силни страни, слабости, можности и предизвици преку едноставни прашања. Тие нудат јасни упатства, структуриран и привлечен начин за саморефлексија, особено погоден за невроразлични млади.

Цел на алатката

Многу млади со разлики во учењето тешко ги препознаваат или изразуваат своите лични карактеристики и потреби, што може да влијае на нивната самодоверба и кариерно планирање. Традиционалните алатки за проценка на личните карактеристики и вештини, често ги чувствуваат загрозувачки или нејасни, поради што и дигиталните прашалници нудат лесен, „чекор-по-чекор“ формат што поттикнува искрена рефлексија и поголема самосвест. 

Целни групи

Алатката е наменета за невроразлични млади, едукатори, младински работници, кариерни советници, училишни психолози и старатели кои сакаат да поттикнат структуриран процес на само-оценување и кариерно истражување.
Погодна е и за индивидуална употреба и за водени сесии.

Што содржи алатката

Дигиталните прашалници вклучуваат:

Интерактивниот формат ја прави алатката пристапна и привлечна за младите, било истата да се користи самостојна или онлајн, во училничница или во комбинирани околности.

Како да се користи алатката

Прашалниците може да се пополнат индивидуално или со поддршка од наставник, младински работник или советник.

Препорачани чекори:

Важно за професионалци:

Зошто оваа алатка е важна

Дигиталните прашалници го олеснуваат процесот на саморефлексија и ја прават поструктурирана и поддржувачка за невроразличните млади. Тие помагаат во градење самодоверба и подобро самопознавање, целосно усогласувајќи се со мисијата на SKILL-C за инклузивни и правични алатки за кариерна ориентација.

Повик за акција

Пристапете до дигиталните прашалници и помогнете им на младите подобро да ги разберат своите способности, предизвици и можности. Искористете ги уште денес за да поттикнете самодоверба, увид и информирано донесување одлуки.

Достапни дигитални SWOT прашалници на македонски јазик

ADHD

Пополнете го прашалникот

Дисграфија

Пополнете го прашалникот

Диспраксија

Пополнете го прашалникот

Дискалкулија

Пополнете го прашалникот

Дислексија

Пополнете го прашалникот