
„Strength Discovery Cards“ се дигитална визуелна алатка развиена од Bulair 20A Ltd (Бугарија) партнер на Еразмус+ проектот „SkillCompass: Empowering Youth with Learning Differences through Inclusive Career Guidance Tools“.
Оваа алатка е создадена за да им помогне на младите лица со со специфични тешкотии во учењето да ги препознаат, разберат и изразат своите лични сили и таленти. Наместо фокусот да биде на тешкотиите, картичките овозможуваат процес на размислување заснован на силни страни, кој поттикнува самодоверба, самосвест и мотивација.
Алатката може да се користи индивидуално, во групни активности или во контекст на кариерно советување.
Многу млади лица со специфични тешкотии во учењето често добиваат повратни информации за своите слабости, но ретко добиваат поддршка за препознавање на она во што се навистина добри. Поради тоа, им е тешко да ги именуваат своите силни страни, да ги објаснат своите способности или да видат како нивните таленти може да се поврзат со можни кариерни насоки.
„Strength Discovery Cards“ ја менува оваа перспектива – го насочува вниманието од ограничувањата кон способностите: когнитивни, емоционални, социјални и практични. Алатката им помага на корисниците да ги откријат своите таленти, да ја препознаат својата вредност и да ја гледаат како ресурс во учењето, односите и идното вработување.
Може да ја користат кариерни советници, наставници, младински работници, психолози и родители за да поттикнат самодоверба, самоизразување и позитивен личен развој.
Алатката се состои од 30 дигитални картички со внимателно дизајнирани визуелни елементи.
Секоја картичка содржи:
Картичките се поделени во пет категории, кои ги опфаќаат најчестите области каде што невроразличните ученици покажуваат силни страни:


Картичките можат да се користат:
Препорачани чекори:
„Strength Discovery Cards“ поттикнува инклузија и позитивен личен идентитет, помагајќи им на младите со разлики во учењето да се гледаат себеси надвор од етикетите и тешкотиите. Алатката ја поддржува мисијата на SkillCompass – да им овозможи на младите да ја градат својата иднина со самодоверба, јасност и препознавање на сопствената вредност.
Препознавањето и именувањето на силните страни е прв чекор кон самостојност, вработливост и доживотно учење.
Преземи ги „Картичките за откривање на силни страни“ и започни да ги користиш денес!
Помогни им на младите да го откријат она што е силно во нив – не она што е погрешно со нив.