
„Разбивање на стигмата: Збирка приказни за невроразлични млади“ е развиена од страна на Креативна куќа (Северна Македонија) во рамките на Еразмус+ проектот SkillCompass: Empowering Youth with Learning Differences through Inclusive Career Guidance Tools.
Брошурата вклучува серија приказни, создадени за да им помогнат на невроразличните млади да се чувствуваат разбрани, поддржани и охрабрени. Преку споделување реални искуства на невроразличните млади од четирите држави, таа ги адресира предизвиците како социјална стигма, изолација и недостаток на релевантни модели за идентификација, а со кои се соочува оваа категорија на млади.
Невроразличните млади често се соочуваат со неразбирање од околината, стигма и недостаток на содржини што ги одразуваат нивните реални искуства. Ова може да доведе до намалена самодоверба, социјална исклученост и тешкотии во навигацијата низ образовни или кариерни патеки.
Брошурата одговара на потребата за автентични приказни што ја прикажуваат невроразличноста како нормалност и покажуваат спектар на различни искуства. Таа пополнува празнина во материјалите за млади кои поттикнуваат емпатија, ги намалуваат стереотипите и охрабруваат отворен дијалог за невроразличност во секојдневниот живот.
Брошурата е наменета за невроразлични млади, како и за едукатори, младински работници и старатели кои сакаат да поттикнат емпатија, инклузија и отворени разговори за невроразличност.
Алатката може да се користи за подобро разбирање, намалување на стигмата и создавање поинклузивни и поддржувачки средини за невроразличните млади.
Што содржи алатката (Преглед на содржина)
Брошурата содржи внимателно избрана колекција на лични приказни од невроразлични млади, секоја претставувајќи различни искуства, силни страни и предизвици. Вклучува кратки прашања за размислување за поттикнување самосвест и дискусија, како и практични совети за едукаторите и младинските работници за користење на приказните во групни или училнични активности. Структурата е едноставна и пристапна, што овозможува лесна примена во работилници, советувалишта или индивидуално читање.


Брошурата може да се користи индивидуално од страна на младите за лична рефлексија или во групи, работилници, училници или советувалишта водени од едукатори, младински работници или кариерни советници.
Препорачани чекори:
Важно за професионалци:
Брошурата промовира инклузија со тоа што дава гласност на клучните предизвици со кои се соочуваат невроразличните млади. Истата им помага на едукаторите и советниците да обезбедат поголема поддршка и емпатично водство на на невроразличните млади низ нивниот личен и професионален развој. Брошурата директно ги поддржува целите на проектот SKILL-C, поттикнувајќи еднакви можности и охрабрувајќи ги младите самоуверено да навигираат низ образовните и кариерни патеки.
Превземете ја брошурата и искористете ги интересните приказни за да инспирирате поголемо разбирање, емпатија и инклузија во вашата средина. Почнете да ја користите алатката уште денес, за да сѝ помогнете или да им помогнете на невроразличните млади да се почувствуваат видени, вреднувани и поддржани.